Потребни документи за сместување

Студентот којшто е примен на конкурсот за прием на студенти во студентските домови  за вселување во соодветниот дом најпрво треба да изврши уплата за комплет документи за вселување во висина од 250,00 денари. Уплата за комплет документите се врши кај инкасантите во домот во кој студентот е примен.

Документите за вселување опфаќаат:

*Договор за сместување,
*пропусница
*пријава за престој,
*уплатници за цела година
*задолжување за инвентар

Кон пополнетите документи студентот треба да приложи и други документи кои студентското досие задолжително треба да ги содржи и тоа:

* Три (3) слики
*Копија од извод од матична книга на родените
*Копија од индекс од тековно запишаниот семестар/година
*Потврда за запишан тековен семестар

Покрај документацијата студентот треба да приложи и :

*уплатница од уплатена станарина за месец септември
*уплатница за уплатена општа штета во висина од 300,00 денари