Ќе се гради нов дом на местото на „Медицинар“

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, заменик министерот Спиро Ристовски и претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски  беа во посета на студентскиот дом „Невена Георгиева- Дуња“ кој што, поради дотраеност на објектите не е во функција повеќе од две години, а на чие место, следната година ќе започне изградбата на целосно нов објект.

studentski-dom-640x316

Согласно веќе изработеното проектно решение, новиот студентски дом на местото на старите бараки, ќе има капацитет за сместување на 350-400 студенти, како и нова спортска сала.

Со овие инвестиции, како и со реконструкцијата на најголемиот студентски дом во земјата – “Гоце Делчев”, која е во тек и се реализира етапно, условите за сместување на студентите значително ќе бидат унапредени.

 

You may also like...