Конкурс за прием на студенти во Државен студентски дом „Скопје“ за студиската 2016/2017 година – ВТОР РОК

Министерството за образование и наука им соопштува на сите студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи дека по сместувањето на студентите согласно Конкурсот во првиот предвиден рок, во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија, останаа непополнети места дадени во табеларниот преглед, и тоа:

 

Реден број СТУДЕНТСКИ ДОМ МЕСТО ВКУПЕН БРОЈ НА СЛОБОДНИ ЛЕГЛА
1 ДСД “СКОПЈЕ”
-СТИВ НАУМОВ – прва и втора зграда Скопје 73
-СТИВ НАУМОВ – трета зграда Скопје 270

Од 10.09.2016-29.09.2016 година повторно ќе продолжи електронското пријавување и ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 29.09.2016 година.

На Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2016/2017 година имаат право да конкурираат сите студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија кои сакат да го остварат правото на сместување во студентски домови.

Потребна документација

1. При електронското пријавување

•    Студентите кои претходно биле одбиени заради неидентични податоци во електронската пријава и доставената документација, пополнуваат електронска пријава и до комисиите доставуваат молба со административна такса.

•    Студентите кои претходно биле одбиени заради недостаток на еден или повеќе документи кои се бараа согласно Конкурсот, пополнуваат електронска пријава и до комисиите доставуваат молба со административна такса и документација која што недостигала при претходното пријавување.

2. Студентите кои прв пат се пријавуваат, пополнуваат електронска пријава и ги доставуваат до комисиите следните документи:

(Документи потребни за пријавување на конкурсот (изјави, молби, обрасци)

1. Молба со платена административна такса од 50,00 денари;

2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;

3. Потврда за редовност во текот на студиите;

4. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години;

5. Заверен образец “УППИ”;

6. Студентите запишани за прв пат во I година, доставуваат копија од дипломата за завршено  средно образование и потврда за запишани редовни студии (или друг документ со кои ке потврдат дека се применина факултет);

7. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;

8. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој)  со кој ќе гo докажат нивниот статус;

9. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;

10. Изјава за идентичност на податоците;

11. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;

12. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството  за месец јуни 2016 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисници на социјална помош да доставуваатпоследно решение или последен чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;

13. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:

-уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;

-потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Македонија;

-извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;

-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11.

Кандидатите кои конкурираат за студентски дом во Скопје, горенаведените документи ги доставуваат лично во просториите на Министерството за образование и наука  (шалтерите на самиот влез во архивата на Одделението за ученички и студентски стандард) од 9:00 – 15:30 часот или по пошта до Комисијата за прием и проверка на документацијата на адреса Министерство за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје и тоапочнувајќи од 10.09.2016 година до 29.09.2016 година.

Кандидатите кои конкурираат за студентски дом надвор од Скопје, горенаведените документи ги доставуваат до Комисијата за прием и проверка на документацијата во домот за кој конкурираат.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:

-некомплетна и

-ненавремено доставена.

Кандидатите нема да бидат рангирани на конечниот список на прием на студенти во студентски домови ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

Комисиите за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2016/2017 година, еднаш неделно ќе објавуваат списоци со студенти на кои им се одобрува легло во студентски дом и број на преостанати слободни места во студентските домови

Списоците ќе се објавуваат на интернет порталот www.mon.gov.mk.

Приговор по резултатите се доставува до архивата на Mинистерството за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје во рок од 3 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Студентот се вселува во студентскиот дом веднаш по објавениот список.

You may also like...