Демант во врска со појадокот во студентските домови

Државниот студентски дом „Скопје“- Скопје донесе одлука за подобрување на системот на исхраната во студентските мензи со цел студентите да добијат поквалитетна, поразновидна и во количини побогата храна.

Имено, согласно спроведените анализи, анкети, разговори со студентите и согласно  нивните барања ги превземаме следните мерки:

-воведуваме широк избор на јадења, по три главни јадења за секој оброк, почнувајќи од 10 часот наутро. До сега мензата пред  10 часот речиси и не се користеше.

-Финансискиот трошок за оброците останува ист но, сега нивното послужување се организира согласно барањата на студентите, тие бараат по три квалитетни оброци со добар избор на храна наместо доручек пред 10 часот за кој нема интерес и од кој храната не се користеше и пропаѓаше.

Лажни вести се објавите дека студентите не биле задоволни, напротив сега има подобра храна и повеќе избор.

Фотографиите од студентските домови кои ги споделуваат неколку портали се стари и се слика за старото раководење со студентските домови, така беше порано.

Сега имаме сериозна промена и условите се подобруваат во интерес на студентите.

You may also like...