Соопштение во врска со прекинот на вода во СД „Кузман Јосифовски-Питу“

Почитувани претставници на медиумите,

Студентите од Државниот студентски дом „Скопје“, денеска беа непријатно изненадени кога,утрово, без никакво предупредување, беше прекинато снабдувањето на домот со вода од страна на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Постапката на ова јавно претпријатие е без оправдување, со оглед на фактот што раководството на „Водовод и канализација“ веќе беа информирани дека за долгот кон нив, за сметките за вода, е веќе најдено решение.

Сакаме да напоменеме и да нагласиме, дека долгот кон ЈП „Водовод и канализација“, не е направен од новото раководство на домот. Напротив се работи за долг стар 5 години, направен од претходното раководство, со што е нарушено живеењето и секојдневните потреби на студентите во домот. 5 години не е платена фактура за вода и тоа е толерирано,кое за разлика од нив новото раководство веднаш по назначувањето ги раздолжи тековните фактури,како што беше договорено.

Во координација со Владата на Република Македонија, и со Министерството за образование и наука, на последната владина седница, во вторникот, на 26 септември, е донесена одлука да се обезбедат средства во потребната висина, за целосно да се покрие долгот за вода на Студентскиот дом Скопје, кон „Водовод и канализација“.

Останува само да се објави одлуката во „Службен весник“ на Република Македонија за нејзина правосилност, по што средствата веднаш ќе бидат префрлени на сметката на „Водовод и канаилзација“. Во координација со Министерството за образование и наука, и со одлуката на Владата, овој наследен проблем, е веднаш решен.

Инаку, ова е трето исклучување на водата во студентскиот дом, секогаш без најава, и се надеваме дека од „Водовод и канализација“ повеќе нема да вршат нарушување на животот на студентите во нашиот дом.

Со почит

You may also like...