Потпишан меморандум за соработка меѓу Државен студентски дом „Скопје“-Скопје, Општина Гази Баба и деканите од кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Директорот на Државниот студентски дом „Скопје“ –Скопје,  Дарио Николовски,  заедно со општина Гази Баба и деканите од кампусот на универзитетот „Кирил и Методиј“ на ден 27.03.2018та година потпиша меморандум за соработка со кој ќе се обезбеди  поквалитетен студентски живот .

меморандум општина гази баба

Партерно уредување на домот „Стив Наумов“, уредување на паркинг просторот околу домот, поставување на ограда и одржување на комуналната хигиена, се само дел активностите кои општина Гази Баба ќе ги преземе во наредниот период.
Ова вчера беше договорено преку потпишување на меморандум меѓу општина Гази Баба и деканите од кампусот на универзитетот „Кирил и Методиј“.

Општината ќе постави осветлување и ќе направи ботаничка градина во рамки на домот „Стив Наумов“, но ќе се вклучи во организација на други активности како организација на „Student challenge for innovative ideas“.

Општината и универзитетот заеднички ќе работат на подобрување на услоите за студентите, развој на нови прогами и обезбедување на нови инвестиции со цел поквалитетен студентски живот.

 

меморандум општина гази баба 3 меморандум општина гази баба 2 меморандум општина гази баба 1

You may also like...