Јавен повик

Врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и со ствари во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18) и Одлуката за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Македонија бр.44-6872/1 од 31 јули 2018 година,(Службен весник на Република Македонија“ бр.145/18),Државниот студентски дом „Скопје“-Скопје, објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик.

Преземањето на движните ствари е без надомест.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од наведените локации и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во Државниот студентски дом „Скопје“-Скопје, поточно во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ 26-б- Скопје и студентската населба „Стив Наумов„ на бул.Александар Македонски-Скопје

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, издадена од надлежен орган.

Лица за контакт во врска со јавниот повик: Димитар Дедов, телефон за контакт: 078/211-633 ,  електронска адреса: dsc_sk@yahoo.com

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Домот, ул. .„Митрополит Теодосиј Гологанов“ 26-б- Скопје, или електронски, преку следниот линк  објавен на веб страната на Државен студентски дом „Скопје“-Скопје  www.dsdskopje.mk.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 15.10.2018 година до 16:00 часот.

ИНСТРУКЦИИ ПО ЈАВЕН ПОВИК