Нови 79 милиони денари за Државниот студентски центар

dario-610x400

Државниот студентски дом „Скопје” добива 79 милиони денари од државниот буџет. Оваа одлука ја донесе Владата на РМ на последната седница. Ова е второ намалување, во износ од 79 милиони денари, наменети за целосно покривање на режиските трошоци пред зимскиот период. За првпат по долги години студентите ќе ја поминат зимата без страв дека ќе останат без струја, парно или вода, заради неплатените сметки на студентскиот дом.

Ваквата одлука јасно ги потврдува приоритети на Владата и новото раководство на студентскиот центар.
Новото раководство на Државниот студентски дом „Скопје”, на чело со директорот Дарио Николовски, наследи долг од речиси 5 милиони евра и студентски домови кои не нудат основни услови за живот и развој на младите.
Ова е директна последица на 11 годишно недомаќинско и неодговорно работење на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои нанесоа огромни штети врз квалитетот на животот на секој студент во Скопје.

Наша заложба е да ги излвечеме студентските домови од тешката и страшна ситуација во која ги најдовме. Со помош на Министерството за образование и наука за само два месеци по моето назначување, долгот на домовите го намаливме за 36 милиони денари. Ова е второ намалување, во износ од 79 милиони денари. За мене и за оваа Влада студентите секогаш ќе бидат приоритет. Токму тие се иднината на оваа држава. – изјави Николовски.

You may also like...