Соопштение

Почитувани,

Ја информираме јавноста во врска со настанатиот дефект на внатрешната инсталација во Студентскиот дом „Стив Наумов“ заради кој во една зграда од вкупно четири нема топла вода и во две згради нема парно греење. Во постојана координација сме со екипите на БЕГ, се работи интензивно на терен за итно отстранување на дефектот и во рок од два дена, односно во петок студентите сместени во студентскиот дом ќе имаат и топла вода и парно греење.

Во моментов се работи на санирање на наследената катастрофална состојба во домовите и на замена на дотраената и стара опрема, а истовремено се исплатени и обврски во висина од 2 милиони евра од вкупно наследениот долг од 5 милиони евра.

Ги уверуваме студентите дека ќе се решат наследените проблеми во студентските домовите кои се затекнати во катастрофална состојба, а условите за живот и учење во студенстките домови ќе продолжат да се подобруваат.

Во последна фаза е воведување на новото мени после повеќе од 15-тина години со што значително ќе се подобри исхраната која е голем проблем за студентите. Наскоро ќе започне реновирање на кујната во „Гоце Делчев“, реконструкција на крововите во “Стив Наумов”, поставување видео надзор за обезбедување поголема безбедност на студентите, подобрување на квалитетот на храната, и реализаѕција на јавни набавки каде за разлика од минатото се бара исполнување на највисоките исо и хасап стандарди.

You may also like...