Саниран проблемот со топла вода и парно греење во СД “Кузман Јосифовски – Питу”

Ве известуваме дека дефектот со пумпата на мазут и дизните во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу” поради што се јави прекин во доставата на топлата вода и парното греење е саниран. На место на старата пумпа се постави нова со што домот повторно се стави во функција. На средбата со студентите покрај актуелната состојба разговаравме и за други теми кои го засегаат работењето.

You may also like...