Потпишан меморандум за соработка со Центарот за развој и кариера ” Колеги & Колешки

Директорот на Државниот студентски дом “Скопје” – Скопје, Дарио Николовски, потпиша меморандум за соработка со Центарот за развој и кариера “Колеги & Колешки”. Во следниот период заинтересирните студенти ќе може да присуствуваат на предавања од областа на бизнисот, информатиктата и универзитетските проблематики. Центарот исто така нуди обуки за определен предмет или предмет по избор, едикации, помош при обработка на дипломски и магистерски трудови, препораки при вработување и обезбедува пракса во некоја од компаниите соработници. Остварената соработка со „Колеги и Колешки“ е потврда дека обезбедуваме услуги важни за студентите.

46513504_483412968817211_4953965306709016576_n

You may also like...