За нас

Државниот студентски дом „Скопје“ (скратено ДСД „Скопје“ -Скопје) е правен следбеник на студентскиот дом кој е основан со Решение бр. 1275/52 од 01.12.1952 година од страна на Владата на Република Македонија.
Неговата дирекција се наоѓа во центарот на градот Скопје на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 26б.
Домот е организиран како јавна установа и дејноста што ја врши е од јавен интерес за остварување на интересите и потребите на студентите кои студираат надвор од местото на живеење.
Како установа од јавен интерес, домот  им обезбедува на студентите сместување, исхрана, грижа за здравјето, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности. Право на сместување добиваат сите студенти кои ги исполнуваат условите одредени од министерството за образование и наука.

Домот во својот состав има четири посебни организациони единици, на територијата на град Скопје, и тоа:

  • Студенски дом ,,Кузман Јосифовски Питу“ – Скопје;
  • Студентски дом ,,Гоце Делчев“- Скопје;
  • Студентски дом ,,Невена Ѓорѓиева Дуња“- Скопје и
  • Студентска населба ,,Стив Наумов“- Скопје.

 

Со секоја од посебните организациони единици раководи управник како одговорно лице, кое е именувано од страна на директорот на Домот.