Обновена библиотека и отворена читална во “Стив Наумов”
Ја отворивме читалната и ја обновивме библиотека во студентскиот дом „Стив Наумов“. Проектот го спроведуваМладински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEFи има една цел, да ги поттикне институциите на транспарентно и одговорно управување со студентските домови, но и да вклучи други институции, организации и правни лица кои би помогнале во подобрување на условите во домовите.