Нашите сместувачки капацитети во студентските домови Гоце Делчев и Стив Наумов и ова лето ќе бидат во понуда за странски и домашни гости.

Во студентскиот дом Гоце Делчев имаме на располагање комплетно наместени еднокреветни и двокреветни соби, со сопствен тоалет и потполно опремена мини кујна, интернет и паркинг.

Во студентскиот дом Стив Наумов на располагње се целосно реновирани павилјони со еднокреветни и двокреветни соби со сопствен тоалет и мини кујна, интернет и сопствен паркинг.

На располагање на нашите гости се и пералните кои нудат комплетна услуга од видот на перење, сушење и пеглање на облеката и други работи за потребите на гостите.

Покрај сместување во нашите домови имаме и понуда за оброци, (појадок, ручек и вечера) во студентските ресторани и можност за оброци спремени во ланч пакети, и нивна достава.

Собите ќе бидат одржувани од нашиот персонал задолжен за хигиената во домовите.

Протоколот за заштита од Ковид 19 е задолжителен, при престој во нашите домови.

Цените на нашите услуги и дополнителни информации на следниот линк.