СТИВ НАУМОВ ЗГ. 3: Распоред за вселување
При вселување во Стив Наумов зг.3, студентот треба да приложи уплатници за:
Документи 250,00
Станарина за 10/2020 во износ од 3.595,00 денари за еднокреветна соба или во износ од 3.445,00 денари за двокреветна соба
Трошоци за тековно одржување и амортизација 300,00 денари
Уплатата се врши на Образец пп50 со следните генералии
– корисник-Државен студентски дом,,Скопје,,Скопје
– жиро сметка на трезорот – 100000000063095
– Депонент-НБРМ
– жиро сметка на корисник – 160011089878813
– приходна шифра 723114 програма 60
Освен уплатниците, потребни за вселување се следните документи:
1. две слики
2. копија од извод од матична книга на родени
3. потврда за запишан тековен семестар
4. копија од индексот од тековно запишаниот семестар/година
Уредувањето на досијето на студентот и потпишувањето на договорот ќе се врши од 12.10.2020 до 15.10.2020 година. кај Управникот.
Доколку студентот не е во можност да се всели на 05.10.2020, истото може да го направи било кој работен ден од 05.10 до 15.10.2020 година согласно наведените термини.
РАСПОРЕДОТ ЗА ВСЕЛУВАЊЕ ВО СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ – ЗГРАДА 3“ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК