• Почетна
  • За нас
  • Новости
  • Сместување
    • Распоред за вселување во студентски домови
    • Конкурси 2019/2020 година
  • Документи
    • Информации од јавен карактер
    • Податоци за тендери
  • Контакт
    • МОЈ ДОМ
Државен Студентски Дом - СкопјеДржавен Студентски Дом - Скопје
  • Почетна
  • За нас
  • Новости
  • Сместување
    • Распоред за вселување во студентски домови
    • Конкурси 2019/2020 година
  • Документи
    • Информации од јавен карактер
    • Податоци за тендери
  • Контакт
    • МОЈ ДОМ

Известувања

  • Home
  • Новости
  • Известувања
  • Студентскиот дом “Гоце Делчев“ добива модерно и современо уредени внатрешни простории

Студентскиот дом “Гоце Делчев“ добива модерно и современо уредени внатрешни простории

  • Posted by Дарио Николовски
  • Категории Известувања, Сместување, Соопштение
  • Date 16/09/2019

Почнува внатрешното уредување во реконструираните блока В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Проектот со изработка на мебел во брачните, двокреветни и апсолвентски соби, и за влезниот хол во Студентскиот дом „Гоце Делчев“, блок В и Г е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Комплетното уредување се однесува на 2 влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски. 

Проектираниот мебел е дизајниран според затекнатата реконструирана и адаптирана состојба на собите, задржан е иницијалниот функционален концепт, и обезбедени се основните услови за потребите на корисниците на собите. Секоја соба вклучува кревет, работна маса, работен стол, гардеробер, елементи за одложување на облека, предмети, постелнина и книги како и флексибилен стол. 

Според спецификациите, креветите се од железна конструкција со предвидени душеци со систем од Херкул жичани јадра, за распоредување на притисокот врз секоја пружина и подобрени ортопедски услови за спиење. За секој кревет предвидена е водоотпорна заштитна навлака за душек, изработена од природни материјали.

Работните маси се дизајнирани и димензионирани според максималниот простор за нивно позиционирање и пропишаните стандарди. Конструкцијата е од О челични рамови и истите се со можност за заклучување на фиоките. 

Работниот стол ги задоволува функционалните и естетски барања. Истиот обезбедува трајност и лесно одржување.

Гардеробите се со прилагодена димензија и во сите соби дизајнирана да овозможи непречена функција на просторот. Во двокреветните соби, на барање, предвидено е заклучување на гардероберите.

Елементите за одложување на облека, предмети, постелнина и книги се проектирани елементи со различна форма и димензии, прилагодени на расположливиот простор, за одложување на облека, постелнина, предмети и книги, дизајнирани да ги задоволат потреби на секој поединечен корисник на собите.

Флексибилниот стол е со две положби за удобно седење, одмор и релаксација, изработен од трајни, квалитетни и лесно одржливи материјали. Столовите анатомски се обликуваат под телото. 

Влезните холови во блоковите се организирани како модерни, динамични катчиња за социјализација на студентите и средби со посетители. За таа цел избрани се декоративни и лесни столови за удобно седење, флексибилни и мултифункционални, изработени од трајни, квалитетни и лесно одржливи материјали. Столовите се формираат според избраната положба за седење, анатомски се обликуваат под телото, погодни се за сите возрасни групи. Масите се дизајнирани со прилагодена форма и височина за различен избор на седење, од лесна, метална конструкција и плоча од оплеменета иверка. Овозможено е брзо и едноставно креирање на катчиња, при групирања според определби на корисниците на просторот.

  • Share:
author avatar
Дарио Николовски

Претходна вест

Објавени резултати за прием на студенти во државни студентски домови 2019/2020 за градот Скопје
16/09/2019

Следна вест

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ добива и ново партерно уредување на дворот
18/09/2019

Можеби ќе ве интересира...

dsdskopje
СООПШТЕНИЕ
1 октомври, 2020
Image (1)
ДОМОТ „ НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА-ДУЊА“-МЕДИЦИНАР СЕ УРНА ПОРАДИ ПОТРЕБИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО
22 март, 2020
86872523_4052585268092370_4076936407954751488_o
Домот „Гоце Делчев“ за летниот период ќе биде објавен на Booking.com
18 февруари, 2020

Пребарувај

Категории

  • Едукација
  • Известувања
  • Интервјуа
  • Распоред за сместување
  • Сместување
  • Соопштение

Најнови објави

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Распоред за вселување
04Окт2020
СТИВ НАУМОВ ЗГ. 3: Распоред за вселување
04Окт2020
СТИВ НАУМОВ – БАРАКИ: Распоред за вселување
04Окт2020

ДСД „Скопје“ – Скопје

Како установа од јавен интерес, домот им обезбедува на студентите сместување, исхрана, грижа за здравјето, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности.

Корисни линкови

  • Mинистерство за образование и наука
  • Министерство за финансии
  • Универзитет "Св. Кирил и Методиј"
  • ЈСП Скопје
  • Контакт ДСД Скопје

Контакт

023 226 261

contact@dsdskopje.mk

бул. "Митрополит Теодосиј Гологанов" 26б

© 2019 Сите права задржани - ДСД Скопје. Изработено од SVNA Design.

Внесете ги вашите податоци

Заборавена лозинка?