Да направиме поубаво место за живеење за сите студенти.

170

Вработени луѓе

67

Години на постоење

12K

Сместени студенти

100%

Пасија за успех

За нас

Државниот студентски дом – е организиран како јавна установа и дејноста што ја врши е од јавен интерес за остварување на интересите и потребите на студентите кои студираат надвор од местото на живеење.

Како установа од јавен интерес, домот на студентите им обезбедува сместување, исхрана, здравствена грижа, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности. Право на сместување добиваат сите студенти кои ги исполнуваат условите одредени од Министерството за образование и наука.

Сместување

Нашите студентски домови овозможуваат пријатно и удобно сместување на студентите.

Културно-забавни активности

Нашите студентски домови овозможуваат културно-забавни настани за студентите.

Здравствена грижа

Нашите студентски домови овозможуваат постојана нега и здравствена грижа.

Спортско-рекреативни активности

Нашите студентски домови овозможуваат бројни спортски и рекреативни активности.

Биографија

За Директор на Државниот студентски дом „Скопје" – Скопје е именуван Александар Каровски, кој ја превзема оваа функција на 14.10.2024 година.

Александар Каровски е роден на 13.04.1975 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование.

Дипломирал на катедрата за историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде се стекнува и со звање Магистер по историски науки, Историја на македонскиот народ – Нов век.

Работно искуство

Својата професионална кариера ја започнува во приватниот сектор каде од 1995 година до 2010 година е управител на претпријатие за продажба на автоделови,

Од 2009 година до 2021 година ја врши функцијата советник во Општина Гази Баба,

Од 2010 година до 2016 година е наставник во ООУ Стив Наумов – Скопје по предметите Историја и Граѓанско образование,

Од 2016 година до 2020 година е Директор на Општинско Основно училиште Стив Наумов - Скопје

Од 03.2020 година до 2024 година, повторно е наставник по предметите Историја и Граѓанско образование, ООУ Стив Наумов – Скопје

Од 14.10.2024 година тој е именуван за Директор на Државен студентски дом „Скопје“- Скопје.

Проекти

2015-2016 год.

Учество во проект за Претприемничко учење за земјите од Југоисточна Европа, SEECEL

2019 – 2021 год.

Учество во проект од Националната агенција Erazmus + k1

 

2020 - 2022 год.

Проект менаџер во проект од Националната агенција Erazmus + k2

This is custom heading element

This is custom heading element

“Ние сме убедени дека домовите може да ги направиме поубаво место за живеење за сите студенти. Во таа насока, за нас од исклучителна важност е придонесот на студентите, споделување на нивните идеи и проблеми кои ќе придонесат во реализација и обезбедување на подобри услови за нив”

Организација

1

Христина Димова Грнчароска

Советник за општи и нормативно правни работи
Одделение за општи и правни работи
e-mail:hristina.dimova.grncaroska@dsdskopje.mk
телефон: 078 411 152

2

Билјана Стојанова Драгановска

Раководител на одделение
Одделение за човечки ресурси
e-mail:biljana.stojanova@dsdskopje.mk
телефон: 078 360 279

3

Марина Карличиќ

Раководител на одделение
Одделение за сместување
e-mail::marina.karlicik@dsdskopje.mk
телефон: 075 284 386

4

Никола Тодоровски

Раководител на одделение
Одделение за помошно-технички работи
e-mail::nikola.todorovski@dsdskopje.mк
телефон: 075 284 451

5

 

Органограм

Општи Информации

Државниот студентски дом „Скопје“ (скратено ДСД „Скопје“ -Скопје) е правен следбеник на студентскиот дом кој е основан со Решение бр. 1275/52 од 01.12.1952 година од страна на Владата на Република Македонија.
Неговата дирекција се наоѓа во центарот на градот Скопје на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 26б.
Државниот студентски дом „Скопје”- Скопје, постои повеќе од 67 години и успешно се грижи за потребите на студентите кои студираат надвор од нивното место на живеење, нивно сместување и основни потреби.

Организациони Единици

Домот во својот состав има четири посебни организациони единици, на територијата на град Скопје, и тоа:

  • Студенски дом ,,Кузман Јосифовски Питу“ – Скопје
  • Студентски дом ,,Гоце Делчев“- Скопје
  • Студентска населба ,,Стив Наумов“- Скопје

Со секоја од посебните организациони единици раководи управник како одговорно лице, кое е именувано од страна на директорот на Домот.

Имате некое прашање?

Контакт

023 226 261

contact@dsdskopje.mk

бул. "Митрополит Теодосиј Гологанов" 26б