СТУДЕНТИТЕ ДОБИВААТ КОМЛЕТНО НОВИ И МОДЕРНО УРЕДЕНИ СОБИ ЗА ПРЕСТОЈ
Студентите на студентскиот дом Гоце Делчев добиваат комплетно нови и модерно уредени соби за престој. Со посветена работа кон проблемите – резултатите се можни. Па така, во изминатиов период како што претходно најавивме и го презентиравме предлог проектот, сега можеме да ве информираме дека овие денови ги завршуваме последните подготовки за отворањето на блоковите В и Г во студентскиот дом “Гоце Делчев”, капацитет од 600 легла.
Посветено продолжуваме со работа за следната реализирана инвестиција со големо реновирањена зградата 1 и 2 во студентската населба „Стив Наумов“. Нашиот приоритет остануваат студентите, а подобрувањето на студентскиот стандард го покажуваме постепено покрај со реконструкција на домовите и со субвенциониран студентски оброк, обезбеден студентски попуст во неформалните едукативни центри, отворање на можноста да се слушне гласот на студентите преку веб апликацијата МОЈ ДОМ итн.