Skip to main content

Нашите секојдневни навики и начин на живот резултираат со употреба на производи кои потоа прераснуваат во големи количини на отпад. Доколку не се постапува соодветно со отпадот, тој прераснува во депонија која станува причинител на загадувањето на локално и на светско ниво.

Еден од начините да се намалат и превенираат овие проблеми е рециклирањето – процес на селекција, собирање и преработка на отпадот со цел негова ре-употреба, односно искористување на неговите енергетски и еколошки својства, за креирање на нови еко производи кои можат повторно да се користат во општеството.

Примарната цел на рециклирањето е подобрување на животната средина и создавање на додатни економски и еколошки вредности преку принципот на “циркуларна економија” – каде отпадот претставува ресурс кој се користи повеќекратно (производ – отпад – производ), а не еднонасочно како во минатото. Овој концепт е насочен кон заштеда на веќе лимитираните ресурси на планетата, создавање на обновлива енергија, поздрава и почиста животна средина.

Хартијата, пластиката, стаклото, алуминиумските амбалажи, текстилот, електричниот и електронскиот отпад се видовите на отпад на кои може да им се продолжи векот преку рециклирање.

Процесот на распаѓање во природата на едно пластично шише трае 450 години, за една лименка процесот трае и над 500 години, додека процесот на рециклирање во повратните вендинг машини трае помалку од 30 секунди.

Статистиките покажуваат дека просечно во државите над 50% од отпадот се рециклира, додека во Македонија се рециклира само 30% од отпадот.

Време е да дејствуваме!

 

Leave a Reply