За нас
Државниот студентски дом – е организиран како јавна установа и дејноста што ја врши е од јавен интерес за остварување на интересите и потребите на студентите кои студираат надвор од местото на живеење.
Како установа од јавен интерес, домот на студентите им обезбедува сместување, исхрана, здравствена грижа, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности. Право на сместување добиваат сите студенти кои ги исполнуваат условите одредени од Министерството за образование и наука.
“Ние сме убедени дека домовите може да ги направиме поубаво место за живеење за сите студенти. Во таа насока, за нас од исклучителна важност е придонесот на студентите, споделување на нивните идеи и проблеми кои ќе придонесат во реализација и обезбедување на подобри услови за нив”
Дарио Николовски – Директор, ДСД Скопје
Општи Информации
Државниот студентски дом „Скопје“ (скратено ДСД „Скопје“ -Скопје) е правен следбеник на студентскиот дом кој е основан со Решение бр. 1275/52 од 01.12.1952 година од страна на Владата на Република Македонија.
Неговата дирекција се наоѓа во центарот на градот Скопје на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 26б.
Домот е организиран како јавна установа и дејноста што ја врши е од јавен интерес за остварување на интересите и потребите на студентите кои студираат надвор од местото на живеење.
Како установа од јавен интерес, домот им обезбедува на студентите сместување, исхрана, грижа за здравјето, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности. Право на сместување добиваат сите студенти кои ги исполнуваат условите одредени од министерството за образование и наука.
Организациони Единици
Домот во својот состав има четири посебни организациони единици, на територијата на град Скопје, и тоа:
- Студенски дом ,,Кузман Јосифовски Питу“ – Скопје
- Студентски дом ,,Гоце Делчев“- Скопје
- Студентски дом ,,Невена Ѓорѓиева Дуња“- Скопје
- Студентска населба ,,Стив Наумов“- Скопје
Со секоја од посебните организациони единици раководи управник како одговорно лице, кое е именувано од страна на директорот на Домот.


