Рециклирање и финансиски придобивки

Средствата добиени преку рециклирање, може да се користат во бифето во студентскиот дом.

Рециклирање

Преку едноставниот процес на рециклирање на пластични шишиња и лименки во пластикоматите, освен што се грижиме за околината во која живееме, ова е и начин за заработка на парични средства.

Попуст

Со Студентската картичка може да купувате производи во бифеата на студентските домови, а притоа да добиете и попуст.

Сместување

Месечните трошоци за сместување во студентскиот дом може да ги плаќате со средствата собрани на Студентската картичка.

Мобилна апликација

Green Pay Card апликацијата може да Ви биде замена за физичката картичка, може да рециклирате и да пазарите со картичката, како и да ја надополнувате Студентската картичка.

Рециклирај и добивај во само 2 чекори!

1

Ставете шишиња или лименки во отворот на машината.

2

Доближете ја Вашата безконтактна картичка или мобилен телефон со пуштено NFC или QR код генериран преку нашата мобилна апликација, до дисплејот на машината.

Самата апликација ве известува дали ви е вклучено NFC на мобилниот телефон или треба да притиснете за генерирање QR код.

Рециклирање

Процесот на рециклирање овозможува материјалите да се претворат во нови производи кои можат повторно да се користат, наместо да завршуваат на депонија како отпад. Рециклирањето на пластични шишиња и лименки преку пластикоматите е нов начин на рециклирање и заработување на парични средства. За секоја рециклирана амбалажа добивате парични средства на Вашата Студентска картичка.

Процесот на рециклирање овозможува материјалите да се претвораат во нови производи кои можат повторно да се користат, наместо да завршуваат на депонија како отпад.

Сместување

Процесот на плаќање на месечните трошоци за престој во студентските домови е поедноставен преку опцијата да се плаќа со паричните средства собрани на Студентската картичка, пркеу рециклирање како и преку надополнување од банкарска картичка.

Пазарење

Освен за користење на оброците во мензата на студентскиот дом во кој престојувате, може и да вршите плаќање во бифеата на студентските домови на Државен студентски дом „Скопје"- Скопје за купување на производи, а притоа добивате и попуст доколку плаќате со Студентската картичка.

Контакт

023 226 261

contact@dsdskopje.mk

бул. "Митрополит Теодосиј Гологанов" 26б