Студентска картичка за секој студент!

Добивај пари преку рециклирање пластични шишиња и лименки, купувај во бифе и плаќај го твојот престој со новата студентска картичка!

Оброк

Студентската картичка му овозможува на студентот да ги користи оброците кои му следуваат при сместувањето, во мензата на студентскиот дом во кој што престојува. Студентот користи оброк во мензата на студентскиот дом во три дефинирани интервали (појадок, ручек, вечера).

Бифе

Студентот добива можност да купува производи во бифеата на сите студентски домови на Државен студентски дом Скопје – Скопје, а притоа да добие и дополнителен попуст доколку ја користи својата Студентска картичка.

Сместување

Месечните трошоци за сместување во студентски дом може да се платат со Студентската картичка со средствата собрани преку рециклирање или преку трансфер на средства од банкарска картичка.

Рециклирање

Преку рециклирање на пластични шишиња и лименки на повратните вендинг машини – пластикомати, секој студент добива парични средства за секоја рециклирана амбалажа на својата Студентска картичка.

Види повеќе

Надополнување средства

Надополнување на средствата на Студентската картичка освен преку рециклирање, може да се изврши и преку префрлање на парични средства од банкарска картичка, преку мобилната апликација

Види повеќе

Трансфер

Студентите може меѓусебно да си префрлаат парични средства меѓу Студентските картички.

Картичка која го поедноставува секојдневието на студентите

Студентската картичка овозможува собирање на парични средства преку рециклирање на пластични шишиња и лименки преку пластикоматите во бифеата во домот, кои понатаму може да се користат за плаќање на месечните трошоци за сместување во домот, како и пазарење со попуст во бифеата на студентските домови.

Нема повеќе чекање во редици при уплаќање!

Месечните трошоци за сместување во студентски дом може да се платат со Студентската картичка со средствата собрани преку рециклирање или преку трансфер на средства од банкарска картичка.

Оброк и попусти во бифе

Оброк

Студентската картичка му овозможува на студентот да ги користи оброците кои му следуваат при сместувањето, во мензата на студентскиот дом во кој што престојува.

Попусти во бифе

Со купување производи од бифеата на сите студентски домови на Државен студентски дом Скопје со студенската картичка, студентот може да добие попуст.

Надополнување на балансот

Надополни со картичка

Можете да го надополнете балансот на Вашата Студентска картичка преку нашата веб апликација.

1. Го внесување износот што сакате да го надополнете

2. Ја селектирате банкарската картичка од која сакате да префрлите пари на Вашата Студентска картичка

Надополни баланс со кеш

Можете да го надополнете балансот на Вашата Студентска картичка со кеш.

Давате кеш на овластеното лице кое е одговорно за надополнување на Вашиот баланс.

Надополни баланс со Студентска картичка

Можете да го надополнете балансот на Вашата Студентска картичка преку ПОС терминал

Ја доближувате Вашата Студентска картичка до ПОС терминалот кој ќе се наоѓа во бифето.

Надополни баланс преку мобилната апликација

Можете да го надополнете балансот на Вашата Студентска картичка преку StudentPay Мобилната апликација

Додека на Вашиот телефон ја имате отворено апликацијата и истовремено имате вклучено NFCм доближете го телефонот до ПОС терминалот кој ќе се наоѓа во бифето

Како до Студентска картичка?

При потпишување на договор за сместување во студентскиот дом во кој што ќе престојувате, во истиот момент потпишувате и Апликација за Студентска картичка и Договор за користење на Студентска картичка.

Услови за аплицирање

Секој студент кој е сместен во еден од студентските домови кои се дел од Државен студентски дом „Скопје"- Скопје и има договор за сместување и престој во дом, може да аплицира за Студентска картичка. Студентската картичка е бесплатна и доаѓа со договорот за сместување во студентскиот дом

Контакт

023 226 261

contact@dsdskopje.mk

бул. "Митрополит Теодосиј Гологанов" 26б