Често поставувани прашања
Студентска картичка
Дали може онлајн да аплицирам за Студентска картичка?
Овозможено е и онлајн аплицирање за Студентска картичка преку опцијата ______.
Дали мора да престојувам во некој од домовите за да може да аплицирам за Студентска картичка?
Условот за аплицирање за Студентска картичка е да престојувате во некој од домовите на Државен студентски дом – Скопје и да имате договор за престој.
Колку чини Студентската картичка?
Студентската картичка е бесплатна за сите студенти кои престојуваат во некој од домовите на Државен студентски дом „Скопје“- Скопје.
Зошто ми е потребна Студентската картичка?
Студентската картичка служи за користење на оброкот во мензата на домот во кој што престојувате. Средствата собрани на Студентската картичка, може да ги користите за купување производи во бифето на студентските домови на Државен студентски дом „Скопје“- Скопје. Со Студентската картичка исто така, се врши плаќање на месечните трошоци за сместување во студентскиот дом во кој престојувате.
Како да рециклирам со Студентската картичка?
Со Вашата Студентска картичка преку повратните вендинг машини можете да рециклирате PET пластични шишиња и лименки, кои треба да бидат празни, чисти, во правилна форма, односно не треба да ги виткате пред употреба. Етикетата од истите не ја вадете бидејќи е потребен баркодот при процесот на рециклирање. Потребно е Студентската картичка да ја доближите до означеното место на вендинг машината за да истата го препознае корисникот. Понатаму, амбалажата се става во отворот на машината, наместена да се скенира баркодот, за да прочита за кој вид и количина на амбалажа станува збор и на тој начин правилно да се пресметаат средствата со кои ќе се стекнете од рециклирање.
Што добивам доколку рециклирам?
За секоја рециклирана амбалажа, на Вашата Студентска картичка добивате субвенции кои може да ги користите за купување на производи од бифеата во студентските домови, како и да вршите плаќање за месечниот престој во студентскиот дом.
За колку време ќе ми биде изработена Студентската картичка?
По одобрување на Вашето барање за Студентска картичка, истата ќе Ви биде изработена во рок не подолг од 3 (три) дена.
Како може да ја подигнам мојата Студентска картичка?
Студентската картичка ќе може да ја подигнете од студентскиот дом во кој што ќе престојувате.
Кога ќе може да ја подигнам мојата Студентска картичка откако ќе аплицирам онлајн?
Секое заинтересирано лице кое аплицирало онлајн за добивање и користење на Студентска картичка, во најбрз рок ќе добие емаил порака со која се известува дека неговата картичка е во постапка на изготвување, а откако истата ќе биде изработена ќе добие телефонско известување за да ја подигне картичката, да го потпише Договорот и Актот за примопредавање на картичка.
Дали собраните средства од рециклирање можам да ги подигнам во готово?
Средствата собрани од рециклирање на пластични шишиња и лименки не можете да ги подигнете во готово, туку истите може да ги искористите преку Вашата Студентска картичка како платежно средство во студентското бифе. Со секоја извршена трансакција добивате и попуст во форма на cashback. Освен во бифето, средствата на Студентската картичка се користат и за плаќање на месечните трошоци за сместување во студентскиот дом.
Како може да следам колку средства имам на мојата Студентска картичка?
-За да ја следите состојбата на паричните средства на Студентската картичка, може да ја инсталирате апликацијата Green Pay wallet и да имате увид, или преку линкот за најава https://user.tsn.mk/login.
Немам доволно средства на Студентската картичка, а треба да платам за месечното сместување. Како да надополнам средства?
Средствата на Студентската картичка се надополнуваат преку рециклирање на пластични шишиња и лименки, но исто така има и опција да се направи трансфер на средства преку банкарска картичка.
Каде може да се обратам доколку наидам на проблем со користење на мојата Студентска картичка?
Во случај на губење, кражба или во случај на сомневања за можна злоупотреба или при сознанија за извршувањето на неовластени трансакции, Корисникот на микроплаќање треба веднаш да го пријави и да побара блокирање на услугата на микроплаќање на тел. број 023 226 261, а потоа е должен истото да го потврди и писмено во рок од 5 работни дена. Исто така може да се обрати и со емаил порака на contact@tsn.mk. Во случај да Корисникот смета дека е неосновано задолжен за одредена трансакција, може да поднесе приговор до ТСН Технологија, во рок од 3 (три) дена од денот на достава на месечниот извештај за извршените микроплаќања.
Дали моите податоци за користење на Студентска картичка се заштитени?
Операторот ги презема сите пропишани технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, за спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли од страна на НБРСМ и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.
Мапа на сајтот
Контакт
023 226 261
contact@dsdskopje.mk
бул. "Митрополит Теодосиј Гологанов" 26б
© 2025 Државен Студентски Дом Скопје